Бензините поскапуваат, мазутот поевтинува, дизелот непроменет

Bez autora
Jun 03 2013

Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар, цената на дизелот и екстралесното останува непроменета, додека мазутот поевтинува за близу половина денар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати, што се одржа во понеделникот во Скопје. Согласно одлуката на регулаторите, новата цена на литар еуросупер БС-95 изнесува 80 денари, додека еуросуперот БС-98 ќе се продава по цена од 81,5 денари за литар. Малопродажните цени на еуродизелот и екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ -1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво 67,50ден/лит, односно 56,50 ден/лит.

Бензините поскапуваат, мазутот поевтинува, дизелот непроменетМалопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар, цената на дизелот и екстралесното останува непроменета, додека мазутот поевтинува за близу половина денар.

Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати, што се одржа во понеделникот во Скопје.

Согласно одлуката на регулаторите, новата цена на литар еуросупер БС-95 изнесува 80 денари, додека еуросуперот БС-98 ќе се продава по цена од 81,5 денари за литар.

Малопродажните цени на еуродизелот и екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ -1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво 67,50ден/лит, односно 56,50 ден/лит.

Истовремено се намалува цената на мазутот М - 1 НС за 0,468 денари за килограм, со што новата цена изнесува,  41,049 ден/кг.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik